Се наоѓате во: Дома/Геотермија
Производи за геотермија:
Постоечката енергија во форма на топлина во долниот земјен пласт е неограничен извор, еколошка а пред се бесплатна. Поаѓајќи од 20 м длабочина температурата на теренот е константна независно од годишното време и расне 1 °C на приближно секои 30 м. Развојот на технологиите за обновливите енергии произведе напредни системи кои се во можност за искористување на ова богатство за затоплување и климатизација на згради, тие постројки се опремени со спуштени сонди во теренот и топлински пумпи. Сондите можат да бидат ставени хоризонтално во подготвени ископини кои бараат многу широк терен или вертикално во внатрешноста на еден или повеќе геотермални бунари.
Геотермален бунар:
Реализацијата на една геотермална постројка со затворен вертикален проток побарува бушење на еден или повеќе бунари, чии дијаметри вообичаено се движат од 130 до 200 mm а длабочината варира во зависност од бараната топлина (вообичаено од 50 до 150 м). Откако ќе се заврши со бушењето, се става геотермалната сонда во внатрешноста на отворот со помош на тег и се продолжува со запечатување на бунарот. Оваа последна постапка, понекогаш потценета, е напротив од основна важност за максимално подигање на термичкиот капацитет на сондата користејќи специјална геотермичка маса за фугирање, како и заштитување на долниот пласт на земјата и избегнување на контаминирање на пластот.
Геотермичка маса за фугирање:
Нашите клиенти имаат на располагање два извонредни производа за подготовка на геотермичката маса за фугирање:
-
Геотермички бентонит Geoseal за подготовка на местото со додавање на силициумски песок.
-
Thermo-seal геотермички бентонит веќе промешан со силициумски песок и готов за употреба.